Денеска земјава го одбележува 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Народна Република Македонија, е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо врз принципот еден глас – една буква
За македонските идентитетски обележја не се преговара со никого и никаде, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го 5 Мај, Денот на македонскиот јазик.
Според неа, овој ден е повод и поттик за уште посилно афирмирање и зачувување на посебноста и вредностите на нашиот јазик и идентитет.
„Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на нашиот културен идентитет. Денес е рамноправен и признат во Обединетите нации, потврден и признат во Европската Унија. Како постојани негови заштитници потврдуваме дека за македонските идентитетски обележја не се преговара со никого и никаде. По 26 години, изработивме нов Закон за употреба на македонскиот јазик соодветен на новото време. Ги проширивме областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо“,
вели таа.
Денеска земјава го одбележува 5 Мај – Денот на македонскиот јазик.
На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Народна Република Македонија, е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо врз принципот еден глас – една буква.