Одлуката стапува во сила од денеска и ќе важи до 30 април
Од денеска до 30 април бугарските државјани што влегуваат во земјата и лицата со статус на постојан или долготраен престој на територијата на Бугарија, доколку немаат негативен резултат на ПЦР-тест направен 72 часа пред влез во земјата, ќе бидат ставени во 10-дневен карантин.
Одлуката се однесува и на членовите на нивните семејства.
Карантинот би можел да биде укинат во случај на негативен резултат на ПЦР-тестот, кој ќе биде направен 24 часа по пристигнувањето во земјата, соопшти бугарското Министерство за здравство.
Одлуката е донесена вчера.
Директорите на регионалните здравствени инспекции можат да го укинат карантинот на одредени групи лица што пристигнале во Бугарија во периодот од 29 јануари до 1 февруари.
Услов е граѓаните да приложат документ што покажува негативен резултат на ПЦР-тестот, спроведен во рок од 24 часа од стапувањето во сила на оваа наредба. Во тие случаи карантинот се укинува во рок од 24 часа по поднесувањето на документот.