Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, вели дека пожарот, кој по вчерашните дождови е целосно изгаснат, бил опасен за месното население зашто се доближил на три метри од првата куќа во село Неокази, а бил опасен и за пожарникарите од ТППЕ Пробиштип, Кавадарци и Штип, кои учествувале во неговото гаснење
Во рок од 24 часа изгореа во пожарите во пробиштипските села Неокази, Трипатанци, Бунеш и Ратавици изгореа од 250 до 300 хектари борова шума и трева.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, вели дека пожарот, кој по вчерашните дождови е целосно изгаснат, бил опасен за месното население зашто се доближил на три метри од првата куќа во Неокази, а бил опасен и за пожарникарите од ТППЕ Пробиштип, Кавадарци и Штип, кои учествувале во неговото гаснење.
„Приоритет беше да се спасат домовите на самите луѓе за да нема поголема материјална штета. Она коешто денеска се констатира е дека има изгорено борова шума, а домови и друга инфаструктура нема оштетено“,
вели градоначалникот на Општина Пробиштип.
Прашан дали е предизвикана голема материјална штета на фотоволтаичната централа која се наоѓа во непосредна близина на опожарената борова шума, Атанасов вели дека штетите од пожарите во Пробиштипско ќе се утврдуваат денеска. Двата пожари на територија на оваа општина беа предизвикани по електрични празнења.