Од камерите поставени на граничните премини може да се забележи дека утрово најмногу возила за влез во Грција има на „Богородица“, додека на „Меџитлија“ кај Битола тој број е помал
Денешниот неработен ден, поради верскиот празник Задушница, и продолжениот викенд предизвикаа зголемен број возила да има на граничниот премин „Богородица“.
Од камерите поставени на граничните премини може да се забележи дека утрово најмногу возила за влез во соседна Грција има на „Богородица“, додека на „Меџитлија“ кај Битола тој број е помал.
На граничните премини кон Србија утрово не се забележани поголем број возила.
Од Авто-мото сојузот на Македонија информират дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен и оти на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.