Претходно, Комитетот за имунизација одлучи, лицата кои се вакцинирани со кинеските вакцини да примат трета доза („Фајзер“) три месеци откако ја прримиле втората
Во периодот од 8 до 14 октомври вкупно починале 105 лица со ковид-19, од нив невакцинирани биле 75 отсто, а 26 лица примиле две дози вакцина, информира Министерството за здравство.
Според податоците на Министерството, само едно од 26-те лица, кое било на возраст од 80 години немало хронични заболувања.
„Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на ‘Фајзер’, тројца со ‘Астра Зенека’, четири починати пациенти со ковид-19, примиле вакцина „Синовак“, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот ‘Синофарм’“,
информираат од Министерството за здравство.
Министерството за здравство ги соопшти возраста и хроничните заболувања што ги имале пациентите кои починале со ковид:
8 октомври
Пријавени за починати 16 пациенти со ковид-19, пет од починатите биле вакцинирани:
84 год. кардиолошко заболување
62 год. кардиолошко заболување
78 год. кардиолошко заболување
63 год. кардиолошко заболување и дијабет
73 год. кардиолошко заболување и дијабет
9 октомври
Пријавени за починати се 18 пациенти, само еден од пациентите бил вакциниран. Пациентот имал 80 години и имал две хронични заболувања дијабет и кардиолошко заболување.
10 октомври
14 пациенти пријавени за починати, од нив 3 вакцинирани.
64 год. кардиолошко и малигно заболување
59 год. со кардиолошко заболување
68 год. кардиолошко заболување и дијабет
11 октомври
18 пациенти пријавени за починати од нив 6 вакцинирани:
72 год. кардиолошка и белодробна болест
69 год кардиолошка болест
81 год кардиолошка болест и дијабет
76 год кардиолошка болест
64 год белодробно заболување
56 год кардиолошко заболување
12 октомври
6 пријавени за починати, само 1 вакциниран пациент на 80 години – нема хронично заболување;
13 октомври
20 пријавени за починати, 8 вакцинирани:
61 год. кардиолошко заболување и хипотироидизам
80 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
77 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
48 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
72 год. кардиолошко заболување, дијабет и бубрежно заболување
77 год. кардиолошко и белодробно заболување
78 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
71 год. кардиолошко заболување
14 октомври
13 пријавени за починати, 4 вакцинирани:
75 год. крдиолошко заболување
74 год. кардиолошко заболување и дијабет
64 год. кардиолошко заболување и дијабет
77 год. невромускуларно заболување.
Претходно, Комитетот за имунизација одлучи, лицата кои се вакцинирани со кинеските вакцини да примат трета доза („Фајзер“) три месеци откако ја прримиле втората.