Според податоците на ДЗС најголемо зголемување на цените имало кај свежото и разладено овошје и зеленчук и тоа за 7,8 односно 7 отсто. Сирењето и урдата во август поскапеле за 3,2 отсто, а млекото за 2,6 отсто. За 1,6 отсто поскапен бил лебот и житата, а месото за 0,9 отсто. Намалување на цените е забележано кај рибата и морските плодови за 0,7 отсто, маслото и маснотиите за 0,5 отсто, јајцата и виното за 0,4 отсто
Минатиот месец трошоците за живот, во однос на јули, биле поголеми за 1,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Зголемување, според ДСЗ во август, во однос на јули, имало и кај цените на мало и тоа за 1,3 отсто.
Според податоците на ДЗС најголемо зголемување на цените имало кај свежото и разладено овошје и зеленчук и тоа за 7,8 односно 7 отсто. Сирењето и урдата во август поскапеле за 3,2 отсто, а млекото за 2,6 отсто. За 1,6 отсто поскапен бил лебот и житата, а месото за 0,9 отсто.
Во август, според ДСЗ, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан кај течните горива за домаќинствата за 11.4 отсто, а кај горивата и мазивата за возилата трошоците биле зголемени за 6,7 отсто. Зголемување во август имало и за медицински и стоматолошки услуги, како и за фармацевтските производи.
Во извештајот на ДСЗ се наведува дека во август годинава, во однос на јули, зголемување имало и кај трошоците за одржување и поправки на живеалиштето, малите електрични апарати за домаќинствата, високото и другото образование.
Државниот завод за статистика утврдил дека во август, во споредба со претходниот месец, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај рибата и морските плодови за 0,7 отсто, маслото и маснотиите за 0,5 отсто, јајцата и виното за 0,4 отсто.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај обувките, игрите, играчките и хобијата, другите апарати и производи за лична хигиена, градините, растенијата, цвеќињата и другите медицински производи.
Според податоците на ДСЗ, во август годинава, во однос на лани, пак, трошоците за живот бележат раст од 8,3 отсто, а цените на мало од 5,6 отсто.