Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 5 октомври 2026 г. на МРТ 1, во кое гостува пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер Фатмир Битиќи
Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ и поранешен вицепремиер за економски прашања, кој гостува во ова издание на „360 степени“ на МРТ 1, смета дека тврдењата на власта оти нема да има предвремени избори се поврзани со настојувањето да се обезбеди пониска камата за новата еврообврзница, по што, според него, изборите повторно се опција. Вели дека државната каса има проблем со ликвидноста и дека дефицитот веќе го надминал планираниот износ за целата година. Очекува товарот од ребалансот да падне врз капиталните инвестиции, со последици за економскиот раст. Доцнењето на повратот на ДДВ го посочува како дополнителен притисок врз фирмите, кој им ги ограничува можностите за инвестирање. За превирањата во СДСМ, повикува на разговор меѓу раководството и Платформата 12:05, без исклучување на прашањето за лидерската позиција на Венко Филипче. Сепак, смета дека прво треба да се утврдат стратегијата и насоката на партијата, а потоа да се изберат луѓето што ќе ги спроведуваат. Во интервјуто открива и дека добил понуда од Филипче повторно да биде потпретседател на СДСМ.
