Најголем дел од приведените управувале моторни возила без возачка дозвола, а полицијата санкционирала и возачи под дејство на алкохол, како и непочитување на активна забрана за возење
Министерството за внатрешни работи информираше дека во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници ширум државата лишија од слобода вкупно 14 лица поради безобѕирно управување со моторни возила. Ннајголем дел од прекршителите, односно осум лица, управувале возило без возачка дозвола, а од нив, тројца се санкционирани во Скопје, двајца во Битола и по еден во Велес, Тетово и Кавадарци.

Тројца возачи биле приведени бидејќи возеле под дејство на алкохол во Тетово, Охрид и Куманово, додека еден возач во Берово е санкциониран поради комбиниран прекршок, односно возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола. Дополнително, еден возач во Скопје управувал возило и покрај претходно изречената мерка активна забрана, а едно лице е приведено во гостиварскиот регион поради возење со брзина над дозволената.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека по целосното расчистување и документирање на сите наведени случаи, против прекршителите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
