Шенген зоната, основана во 1985 година, сега вклучува 25 од 27-те земји-членки на ЕУ и придружните земји Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн

По 13 години во Шенген лобито, Бугарија и Романија од денес се целосно во областа на слободното движење и 25 милиони жители на двете земји сега им се приклучија на речиси 450 милиони граѓани на ЕУ кои веќе имаат слобода на движење во Шенген зоната.
Во март 2024 година беа укинати контролите на воздушните и поморските пристаништа, а во средината на декември Бугарија и Романија добија согласност од нивните европски партнери да ги укинат контролите и на копнените гранични премини. Влезот во Шенген зоната се означува на граничните премини на полноќ.
За Бугарите и Романците тоа значи дека сега ќе можат да возат до Франција, Шпанија или Норвешка без пасош. Возачите и патниците повеќе не мора да покажуваат никакви лични документи, а автомобилите ќе поминуваат без преглед.
Двете земји ги исполнуваат критериумите од 2011 година, но секој пат земјите-членки се противеа.
Овој проблем стана извор на фрустрација со текот на годините кој беше искористен од антиевропските партии критикувајќи го нефер третманот, како на неодамнешните романски претседателски избори, каде што неочекувано победи кандидат на екстремната десница, по што изборите беа поништени.
Лидерите на двете земји ја поздравија „историската одлука“, истакнувајќи дека тоа е „клучна цел“ од нивниот влез во ЕУ во 2007 година.
Шенген зоната, основана во 1985 година, сега вклучува 25 од 27-те земји-членки на ЕУ и придружните земји Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.
Ќе се зајакне надзорот на бугарско-турската граница, која станува надворешна граница на Шенген зоната.