Гувернерот Атило Фонтана изрази загриженост посочувајќи дека треба да се процени дали станува збор за нов нагорен тренд
Бројот на заразени со коронавирусот во северниот дел на Италија, Ломбардија, во кој се наоѓа финансиски центар Милано, денеска е зголемен за околу 2 500, соопшти регионалниот гувернер Атилио Фонтана.
„За жал, денешните бројки не се добри. Постои нагло зголемување од претходните денови. Првичните резултати покажуваат дека вкупниот број случаи во областа се зголемил за околу 2 500 за еден ден. Мораме да процениме дали станува збор за нешто вонредно или за нагорен тренд, што сигурно не би било добро за нас. Јас лично сум загрижен. Не знам дали е ова нов врв на заразата. СЗО и нашите институции кажуваат што треба да се прави, а што не“,
изјави Фонтана.
Бројот на заразени во Ломбардија вчера се зголеми за 1 643 и сега вкупната бројка на заболени изнесува 32 346 лица.