Портпаролот на кинеската Националната здравствена комисија Ми Фенг денеска изјави дека во болниците во Вухан нема повеќе заболени од ковид-19.
„Последната вест е дека на 26 април бројот на новозаболени од коронавирусот во Вухан е нула, благодарение на заедничките напори на градот и медицинскиот персонал од сите краеви на земјата“,
посочи Ми.
Во Вухан беа регистрирани 46 452 случаи на ковид-19, што е 56 проценти од бројот на заразени во Кина. Во градот починаа 3 869 луѓе, што е 84 отсто од вкупниот број смртни случаи во Кина.
Досега во Кина се евидентирани 82 827 заболени со ковид-19, од кои 4 632 починале, а 77 394 оздравеле.