Досега во цела Србија се вакцинирани над 400 илјади лица, од кои само во Белград се 100 илјади.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека за еден месец во Србија ќе пристигнат уште еден милион дози вакцини против коронавирус.
„Почитувани граѓани на Србија, се извинувам што сум вака облечен, но утрово имав разговори со наши пријатели ширум светот за да се обидам да обезбедам што повеќе вакцини за нашите граѓани“, рече Александар Вучиќ во видеообраќањето на Инстаграм.
Тој рече дека е горд на граѓаните на Србија затоа што сериозно ја сфатиле важноста на вакцинацијата и дека здравјето е најважно.
„Пред почетокот на март, за само еден месец, ќе добиеме уште еден милион вакцини, добив цврсто ветување за тоа“, рече Вучиќ.
Инаку досега во цела Србија се вакцинирани над 400 илјади лица, од кои само во Белград се 100 илјади.
Од почетокот на пандемијата во Србија биле заразени 392 354 лица, а тестирани се вкупно 2 600 000 лица.