„Ќе градиме гасна интерконекција и кон Северна Македонија. Се надевам дека и во Босна и Херцеговина ќе се договорат, да можеме да градиме гасни интерконектори кон Република Српска и воопшто кон БиХ“, изјави Вучиќ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој денеска е домаќин на претседателите на Бугарија, Румен Радев и на Азербејџан, Илхам Алиев, по повод пуштањето во употреба на гасната интерконекција Србија-Бугарија, најави изградба на гасовод и кон Северна Македонија, јавува МИА.
„Гасна и воопшто енергетски инфраструктури ќе градиме и во иднина, што е влезено и во планот на (еврокомесарот Оливер) Вархеји. Ќе градиме гасна интерконекција и кон Северна Македонија. Се надевам дека и во Босна и Херцеговина ќе се договорат, да можеме да градиме гасни интерконектори кон Република Српска и воопшто кон БиХ“,
изјави Вучиќ.
Според неговите најави, следната година ќе почнат работите за изградба на нафтовод меѓу Србија и Унгарија.
„Треба да изградиме нафтовод меѓу Србија и Унгарија за да можеме да имаме подобар пристап до поевтина нафта“,
рече Вучиќ и додаде дека Србија мора да работи и на диверзификација на снабдувањето со нафта.
За време на средбата денеска Вучиќ се пожали дека не можел да го промовира гасниот интерконектор поради изборите следниот месец.