Зимскиот распуст се продолжува заради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците, информираат од МОН
Второто полугодие од оваа учебна година ќе почне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство на учениците. Одлуката ја донесе Владата на денешната седница, а на предлог на Министерството за образование и наука.
Владата го разгледа и го усвои овој предлог на Министерството за образование и наука денеска на 118-та редовна седница.
„Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува заради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците“,
информираат од владината прес-служба.
Претходно беше најавено дека учениците ќе се вратат на настава во второто полугодие на 18 јануари.