Утре времето ќе биде претежно облачно, попладне и до крајот на денот со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди, а во западните делови значително облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец и дневна температура до 19 Целзиусови степени.
Утре времето ќе биде претежно облачно, попладне и до крајот на денот со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено вдолж Повардарието. Во Скопје облачно, попладне со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Дневните температури ќе се движат од 8 до 18 степени.