Во Скопје ќе биде сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 24 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде сончево, во југозападните делови претпладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информираат од УХМР.
Утрото ќе биде свежо, минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 27 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 24 Целзиусови степени.
Од вторник облачноста ќе се зголеми, а во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе се намали за околу пет степени. Нов поинтензивен влажен бран се очекува во петок кон крајот на денот и во сабота.