Во следните два дена ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност во текот на денот. Дневната температура во одредени делови ќе достигне 40 степени

Сончево и многу топло време најавуваат за денеска метеоролозите. Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови, стоисе вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на некои места ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе биде од 13 до 21 Целзиусов степени, а дневната ќе се движи во интервал од 31 до 39 степени.
Во Скопје, денеска ќе има сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 18 степени наутро до 38 во текот на денот.
Во следните два дена ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност во текот на денот. Дневната температура во одредени делови ќе достигне 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Во вторник се очекува на повеќе места нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени, информираат од УХМР.
