Во Скопје времето ќе биде сончево, со слаб југозападен ветер
Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност.

„Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната од 21 до 27 степени“,
соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Оттаму додаваат дека во Скопје времето ќе биде сончево, со слаб југозападен ветер.
„Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени“, додаваат од УХМР.
Во следните денови ќе продолжи периодот на релативно топло време за овој период од годината.
По одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а како што велат синоптичарите, кон средината на неделата се очекуваат локални врнежи од дожд.