Во Скопје, времето денеска ќе биде, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален дожд, а ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата денеска во Скопје ќе се искачи до 16 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта се очекува да има локални врнежи од дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата наутро ќе биде од -4 до 4, а во текот на денот од 7 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален дожд, а ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата денеска во Скопје ќе се искачи до 16 Целзиусови степени.
Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Во Скопје утре времето ќе биде oблачно со повремени врнежи од дожд и со слаб ветер од североисточен правец. Температурата утре ќе се искачи најмногу до 15 Целзиусови степени.