Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Температурата наутро ќе биде 15 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се искачи до 30 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Во попладневните часови, претежно во планинските региони во источните делови, ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе бидат од 10 до 17 Целзиусови степени,а во текот на денот од 24 до 32 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 6.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Температурата наутро ќе биде 15 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се искачи до 30 Целзиусови степени.
Утре, како што информираат од УХМР, времето претпладне ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови особено во северозападните делови ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе бидат од од 8 до 15 Целзиусови степени, а дневните од 23 до 31 Целзиусов степен. УВ-индексот ќе биде 6.
Во Скопје, и утре, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер, попладне во дел од котлината можно е да има услови за краткотраен пороен дожд. Темпертурата ќе биде до 29 Целзиусови степени.