Во Скопје денеска претпладне ќе има појава на слаба магла која постепено ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој ќе предизвика условите за магла да се намалат, информираат од Управат за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе биде од -6 до 2 степени, а во текот на денот од 7 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје, денеска претпладне ќе има појава на слаба магла, која постепено ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде -1, а дневата ќе се искачи до 11 Целзиусови степени.
Утре се очекува по котлините да има појава на магла и ниска облачност, а во останатите подрачја времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Во Скопје претпладне ќе има магла или ниска облачност, која во текот на денот делумно ќе се намали. Утринската темпертура утре ќе биде од -5 до 2, дневната од 5 до 14 Целзиусови степени.