Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе изнесува 30 Целзиусови степени
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во северозападните делови со услови за појава на краткотраен дожд. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од 11 до 19 Целзиусови степени, а максималните од 21 до 34 степени. Ув-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе изнесува 30 Целзиусови степени.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 23 до 35 Целзиусови степени.