Викендов, според УХМР, ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен пораст, а особено топло се очекува од почетокот на следната седмица
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Оттаму велат дека попладне, во југоисточните делови од земјата ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

„Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8“,
велат од УХМР.
Во Скопје, пак, како што велат од УХМР, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
„Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени“,
информира УХМР.