За утре синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност и со ветер од југозападен правец, а во попладневните часови се очекува дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Во попладневните часови и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. УВ-индексот ќе биде 7. Температурата во текот на денот ќе биде од 23 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне и кон крајот на денот во делови од колината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се искачи до 31 степен.
За утре синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. И утре попладне се очекува да има појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Температурата утре ќе се движи од 7 до 15 Целзиусови степени наутро, а попладне од 23 до 33 степени.