Според Управата за хидрометеоролошки работи, периодот на релативно топло време ќе продолжи и во текот на претстојната седмица. Во претпладневните часови ќе биде сончево со променлива облачност, а попладне ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси, со пообилен дожд, се очекуваат в четврток
Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне, според синоптичарите, во делови од земјата ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура се движи во интервал од осум од 16 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 21 во Маврово, до 33 степени во Гевгелија.
Во Скопје се очекува слична временска состојба. Ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер во северозападен правец. Попладнево во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, проследен со ретки грмежи. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 30 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, периодот на релативно топло време ќе продолжи и во текот на претстојната седмица. Во претпладневните часови ќе биде сончево со променлива облачност, а попладне ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси, со пообилен дожд, се очекуваат в четврток.
