Во Скопје претпладне ќе има услови за слаба магла, а преку денот времето ќе биде сончево со умерена облачност и претежно тивко. Температурата ќе биде од 3 до 10 степени
Времето денеска ќе биде сончево и тивко, но студено. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата наутро ќе биде од -1 до 4, а попладне од 6 до 13 степени Целзиусови.
Во Скопје, како што додаваат од УХМР, претпладне ќе има услови за слаба магла, а преку денот времето ќе биде сончево со умерена облачност и претежно тивко.
Температурата во Скопје ќе биде од 3 до 10 степени.
Утре ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има магла и ниска облачност по одделни котлини, а ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб јужен ветер.
Во недела, како што информираат од УХМР, времето ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец кој повремено ќе засилува.