Минималните температури ќе бидат во интервал од нула до девет степени, а максималните ќе достигнат од 21 до 27 степени
Претежно сончево и релативно топло време нè очекува денеска во земјава., информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Се очекува дува стаб променлив ветер. Минималните температури ќе бидат во интервал од нула до девет степени, а максималните ќе достигнат од 21 до 27 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и релативно топло време со минимални температури до шест, а максимални до 25 степени.
Според УХМР, до четврток ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време, при што во одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.
Во петок облачноста ќе се зголеми, а за време на викендот ќе преовладува претежно облачно, врнежливо и посвежо време.