Во попладневните часови, пак, ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб ветер од јужен правец, а минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, додека максималната од 19 до 26 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност попладне, а ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 7, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови УХМР најави зголемување на облачноста. Во петок попладне, најавуваат од Управата, се очекува времето да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а услови за локален дожд ќе има и в сабота.