Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава

Полициски службеници од СВР Скопје вчеравечер го лишиле од слобода 27-годишниот Љ.Ф.Д. од Скопје, поради физички напад врз неговата сопруга.
Од МВР велат дека полицијата постапувала по претходна пријава од неговата 21-годишна сопруга, која пријавила дека нападот започнал во нивниот семеен дом. Потоа осомничениот ја однел сопругата во шумски предел во околината на Скопје. Таму ја врзал за дрво и продолжил физички да ја напаѓа со употреба на тврд предмет.
Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
