Утре попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец

По ведрото и постудено утро, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во текот наденот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе биде од 1 до 12 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи од 18 до 25 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде од 7 степени наутро, до 23 во текот на денот.
Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе имаме променливо облачно време. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува и слаб до умерен, вдолж Поварадарието повремено засилен, ветер од југоисточен правец. Максималната температура утре ќе се движи од 16 до 24 степени.
