Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 33 до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево имогу топло со мала до умерена локална облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 33 до 39 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до 19 степени, а дневната до 38 степени.
Според најавите од УХМР, следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

