Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност

Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност прогнозираат метеоролозите за денешниот ден. Во попладневните часови на некои места ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 14 до 24 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 32 до 40 степени.
И во Скопје денеска ќе има сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде од 22 степени наутро до 40 во текот на денот.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре нè очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура утре ќе биде од 35 до 40 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура ќе биде до 40 степени, а високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. В четврток и в петок ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.
