За утре синоптичарите најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Дождот ќе биде пообилен во западните и југозападните делови од земјата каде се очекува да наврнат над 20 литри на квадратен метар, а врнежите ќе бидат проследени со грмежи и засилен северозападен ветер.
Утринската температура ќе биде во интервал од пет до 13 Целзиусови степени, а дневната од 13 до 24 степени.
И во Скопје денеска се очекува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 10 степени наутро до 23 во текот на денот.
За утре синоптичарите најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој вдолж Повардарието ќе надминува брзина од 50 километри на час. Максималната температура утре ќе биде во интервал од 18 до 26 степени.
