За утре синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека во северните делови од земјата ќе има повремен пороен дожд што ќе биде проследен со грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе биде од 6 до 16 Целзиусови степени, а во текот на денот од 14 до 26 степени.
Променливо облачно време за денеска се најавува и за во главниот град. Во делови од котлината се очекува да има појава на пороен дожд проследен со ретки грмежи. Температурата ќе се искачи до 23 степени.
За утре синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. И во Скопје утре се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата утре ќе биде во интервал од 15 до 27 степени.