Дневната температура на ниво на државата ќе се движи од 7 до 25 степени, додека во Скопје ќе се движи од 12 до 24 степени
Времето денеска и во текот на претстојниот викенд ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според прогнозата на синоптичарите, денеска и утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а на повеќе места ќе има локален дожд со услови за ретки грмежи.
Од вторник се очекува повторно нестабилно време, проследено со врнежи од дожд и грмежи.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер.
Дневната температура на ниво на државата ќе се движи од 7 до 25 степени Целзиусови, додека во Скопје ќе се движи од 12 до 24 степени.
