Претпладне по одделни котлини ќе има услови за магла, а кон крајот на денот се очекува локална појава за повремен дожд
Денеска нè очекува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) претпладне по одделни котлини ќе има услови за магла, а кон крајот на денот се очекува локална појава за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 6 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 6 до 12 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од миниманлни 2 до максимални 11 степени.
Облачното време ќе се задржи и утре, од вторник ќе има постепено разведрување, а од среда времето ќе биде претежно сончево, со ниски утрински температури.