Украинскиот претседател додаде дека тврдењето оти има рејтинг од само четири проценти доаѓа од Русија и дека Киев има докази оти бројките биле разговарани меѓу Вашингтон и Москва. Повикувајќи се на анкета, рече дека 58 отсто од украинскиот народ има доверба во него како лидер и дека ако некој сака да го замени сега тоа нема да успее
За жал, Доналд Трамп живее во простор на дезинформации – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски еден ден откако претседателот на САД упати критики до својот украински колега, велејќи дека Украина можела да направи договор за да се избегне војната, но не го сторила тоа.

„Со сета почит кон претседателот Доналд Трамп како лидер на нација кон која имаме голема почит, но, за жал, тој живее во простор на дезинформации“,
изјави украинскиот претседател.
Во однос на едно од клучните барања на Москва, кое вчера го истакна Трамп, а се однесува на одржување претседателски избори во Украина, Зеленски рече дека сè уште има голема поддршка од народот на Украина.
Украинскиот претседател додаде дека тврдењето оти има рејтинг од само четири проценти доаѓа од Русија и дека Киев има одредени докази оти бројките биле разговарани меѓу Вашингтон и Москва. Повикувајќи се на анкета, Зеленски рече дека 58 отсто од украинскиот народ има доверба во него како лидер.
Вели дека ако некој сака да го замени сега како лидер, тоа нема да успее бидејќи неговиот рејтинг е висок.