Според УХМР, утре и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветар, а на повикоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Ова утрово го соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), додавајќи дека и наредните денови ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд.

„Минималната температура ќе биде од 4 до 8 степени, а максималната од 10 до 17 степени“,
велат од УХМР.
Во Скопје, пак, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд.
„Попладне времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 13 степени“,
соопштија од УХМР.
Наредните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Утре и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.
Поради спуштање на постудена воздушна маса, утре на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.
