Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има појава на магла. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде од 0 степени наутро до 11 Целзиусови степени во текот на денот
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во претпладневните часови ќе има појава на магла по одделни котлини. Попладне, од запад облачноста ќе се зголемува и преку ноќта во крајните западни делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од минус 4 до 3 Целзиусови степени, а во текот на денот од 5 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има појава на магла. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде од 0 степени наутро до 11 Целзиусови степени во текот на денот.
Утре наутро, според прогнозата на УХМР, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе има и појава на магла во котлините. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во Скопје и утре се очекува променливо облачно време, претпладне со појава на магла и со слаб до умерен променлив ветер. Температурата утре во текот на денот ќе биде од 8 до 18 Целзиусови степени.