Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде до 13 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито. Во западните делови од земјата ќе има повремени врнежи од дожд, кои на северозапад ќе бидат пообилни и се очекува да надминат 25 литри на квадратен метар, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Снег ќе има само на највисоките врвови, а ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе биде од 0 до 7 степени, а во текот на денот од 4 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде до 13 степени.
И утре, како што информираат од УХМР, времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Претежно во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои претпладне во северозападните делови ќе бидат пообилни. Снег ќе има само на највисоките врвови, а ќе дува засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје утре ќе биде променливо облачно, во утринските часови ќе има повремен дожд, а во текот на денот се очекуваат и сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура утре ќе биде 16 степени.