Од денеска до почетокот на следната седмица времето претпладне ќе биде претежно сончево со променлива облачност, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во југоисточните делови од државата
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на места, особено во источните делови на државата, ќе достигнува брзина до 40 километри на час.

Според прогнозата, утринските температури ќе се движат од 9 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 26 и 34 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец.
„Минималната температура ќе изнесува 15 степени, а максималната ќе достигне до 31 степен“,
соопштија од УХМР.
Од денеска до почетокот на следната седмица времето претпладне ќе биде претежно сончево со променлива облачност, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во југоисточните делови од државата.
