Според прогнозата на УХМР, до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во текот на целиот период ќе дува умерен ветер. Во четврток попладне и во петок ќе има повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови
Сончево време со мала до умерена облачност не очекува денеска во претпладневните часови, а попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопштија од Управата за хидромеоролошки работи (УХМР).
„Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени“,
велат од УХМР.
Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне променливо облачно.
„Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 18 степени“,
соопштија од УХМР.
Според прогнозата на УХМР, до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во текот на целиот период ќе дува умерен ветер. Во четврток, пак, ќе дува засилен југоисточен ветер.
„Во четврток попладне и во петок ќе има повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови“,
информираат од УХМР.