Од утре на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи
Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ова е денешната временска прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Максималната температура ќее достигне 26 степени.
И во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне во делови од контлината ќе врне дожд и ќе има грмежи.
Од утре на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи.
Дневната температура ќе биде во благо опаѓање.