И во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но локално ќе има развој на нестабилна облачност со дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места низ земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според синоптичарите, локално се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме, проследено со пообилен дожд над 20 литри на метар квадратен, силен ветер со брзина над 70 километри на час и услови за појава на град.
„Минималната температура ќе се движи од 6 до 13 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 17 до 23 степени“,
се вели во прогнозата на УХМР.
И во Скопје се очекува времето да биде променливо облачно и нестабилно, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
„Минималната температурата ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне до 21 степен“,
додаваат од Управата.
И во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но локално ќе има развој на нестабилна облачност со дожд и грмежи.
Утре повторно се очекуваат поинтензивни временски непогоди со обилен дожд, силен ветер и можност за град.
Од понеделник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
