Во Скопје ќе биде променливо облачно, наутро со појава на значителна ниска облачност. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 14 степени
Времето денескка ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и потопло, наутро со услови за појава на магла во одделни котлини. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено во западните делови, информираат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, наутро со појава на значителна ниска облачност. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 14 степени.
Во сабота ќе дува засилен ветер од јужен правец што ќе услови дополнително зголемување на дневната температура и забрзано топење на преостанатата снежна покривка. Под влијание на влажен бран во недела ќе има локални врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен и ќе засилува. Од понеделник температурата повторно ќе се намали.