Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 21 степен
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, попладне со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 21 степен.
Следува период на променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, инфоормираат од УХМР. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследени со пороен дожд и силен ветер, а потоа нестабилноста ќе се намали.