Од УХМР велат дека минималната температура денеска ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места во северните делови со врнежи од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
„Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Од вечерните часови особено во северните и источните делови врнежите ќе преминуваат во снег и понекаде во пониските места“,
велат оттаму.
Минималната температура денеска ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд.
„Кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 8 степени“,
соопштија од УХМР.
Оттаму велат и дека ноќта кон вторник и во вторник претпладне врнежите ќе престануваат и особено во северните и источните делови повремен снег ќе паѓа и на пониските места.
„Во вторник и потоа и кон крајот на работната недела ќе дува повремено силен северен ветер најизразен вдолж Повардарието и ова ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица“,
изјавија од УХМР.