Од УХМР велат дека под влијание на циклонска активност до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела

Времето денеска ќе биде променливо облачно, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во претпладневните часови ќе има сончеви периоди, додека попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд.
Наместа ќе биде нестабилно со пороен и пообилен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

И во Скопје времето ќе биде променливо облачно, a попладне ќе има повремен дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Од УХМР велат дека под влијание на циклонска активност до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.
Од понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.

