Во објава на Трут соушл, американскиот претседател соопшти дека Русија веднаш ќе испорача над 300 000 тони дизел, по што ќе следат уште 500 000 тони во ноември и дополнителни милион тони во наредниот период. Зависно од состојбата на руските рафинерии, Русија би требало за краток рок да испорача уште три милиони тони дизел
Инаку, податоците на американската Агенција за енергетски информации за 2025 година упатуваат на потрошувачка од приближно четири милиони барели дневно дизел и сродни дестилатни горива, што одговара на околу 530 000 тони дневно
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека по разговор со рускиот претседател Владимир Путин постигнал договор за испорака на милиони тони дизел-гориво од Русија на американскиот и на светскиот пазар, предвидувајќи дека тоа ќе доведе до брз и значителен пад на цената на горивото.

Во објава на Трут соушл, Трамп соопшти дека Русија веднаш ќе испорача над 300 000 тони дизел, по што ќе следат уште 500 000 тони во ноември и дополнителен милион тони во наредниот период. Зависно од состојбата на руските рафинерии, според Трамп, Русија би требало за краток рок да испорача уште три милиони тони дизел.
„Благодарение на нашата целосна контрола врз Ормускиот Теснец и оваа одлична вест за руските енергенси, цените на дизелот за Американците, а всушност и за целиот свет, ќе паѓаат – и тоа брзо и драстично! Намалувањето на цените за Американците, а особено за нашите земјоделци, сточари и возачи на камиони, е мојот најголем приоритет. Ова е многу голема и важна објава“,
напиша Трамп во објава на Трут соушл.
Инаку, податоците на американската Агенција за енергетски информации (EIA) за 2025 година упатуваат на потрошувачка од приближно четири милиони барели дневно дизел и сродни дестилатни горива, категорија што вклучува и гориво за греење. Тоа одговара на околу 530 000 тони дневно.
Оттука, целиот најавен пакет од 4,8 милиони тони дизел од Русија би бил еквивалент на околу девет дена американска потрошувачка, под претпоставка дека целата количина би била наменета за САД.
Најавата на американскиот претседател за испорака на руски дизел за американскиот и глобалниот пазар, а со тоа и пад на цените на горивото, доаѓаат во пресрет на среднорочните избори во САД на 3 ноември.
