Во Скопјe ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
За време на викендот ќе преовладува стабилно време. Нов бран врнежи од дожд се очекува в понеделник
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со услови за повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина над 50 километри на час.
„Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 20 до 27 степени“,
се вели во временската прогноза.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
„Минималната температура ќе се движи до 15 степени, а максималната ќе достигне до 26 степени“,
соопштија синоптичарите.
За време на викендот ќе преовладува стабилно време. Нов бран врнежи од дожд се очекува в понеделник, додека од вторник повторно ќе следува период на стабилно време, проследен со постепен пораст на дневните температури.
